Рикардо: Како да сме на почеток

Даниел Рикардо од Рено вели дека се чувствува како тимот да се вратил на почетокот по тежок викенд во Австрија.

Производителот имаше позитивен моментум по домашната трка во Франција, откако Нико Хулкенберг заврши во поени, што следеше по двоен финиш во поени во Канада, но тимот имаше лоши резултати и се вратија во реалноста на Ред Бул Ринг.

Рикардо заврши на 12то место, додека Хулкенберг се пласираше зад него. Ривалите од Мекларен завршија со двата болида во поени, Ландо Норис заврши на 6то, додека Карлос Саинз заврши на осмата позиција откако стартуваше од 19то место.

Очигледно се надевавме на нешто подобро, но беше тежок ден. Знаев дека имавме повеќе надеж и очекувања, но немавме перформанси цел викенд.

Важно е да разбереме што се случи и да се вратиме по тежок викенд. Ќе се вратиме во поени, но мора да разбереме што се случи и зошто.

Јас морам да разберам бидејќи сеуште не сум совршен. Треба да се подобрам и се надевам дека ќе биде подобро во Силверстон.

Сметам дека викендов променивме многу, но изгледа дека сме назад на првичната позиција и нормално кога ќе смените многу работи и нема реакција, ни недостасува нешто, но сеуште не знам што е тоа. Се беше насекаде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ