Рикардо како замена за Фетел во Ферари ?

Последниве денови се појавија гласини во италијанските медиум поврзани со иднината на австралијанецот Даниел Рикардо и возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Некои веруваат дека Шарл Леклер веќе е број 1 во Ферари, а ситуацијата за поранешниот четирикратен шампион станува само полоша.

Доколку ова продолжи, Ферари нема да го задржат. Тој треба да доминира над колегата во остатокот од сезоната. Доколку не успее тој е готов – изјави Ралф Шумахер.

Во исто време Скај Италија и Газета дело Спорт објавија гласина дека Рикардо може да го замени Фетел во Ферари. Сепак, Сирил Абитебул отфрла промена на Рикардо наредната година.

Сигурни сме дека наредната година ќе биде подобро бидејќи Даниел не би останал ако тоа не се случи.

Во Сингапур, Рикардо искоментира за потенцијална соработка со младиот и брз Шарл Леклер.

Ќе видиме во иднина. Планирам да возам уште најмалку 5 години. Знам колку е силен Леклер со добар болид. Тој е многу интересен и пријателски расположен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ