Рикардо: Ми се исплатеше што почнав на медиум

Рено иама разочарувачки квалификации во Недела утрото во Сузука, но со двојни поени не може да не се задоволни од трката.

Даниел Рикардо беше исфрлен уште во К1 што му се случува втор пат годинава и тргна од 16то место на гридот. Трката ја почна на медиум, се возеше дури на 5то место пред да промени н софт во 29 круг од трката. Потоа го мина Чеко Перез, беше пропуштен од неговиот колега Нико Хулкенберг за да добие можност да ги нападне Ленс Строл и Пјер Гасли кои ги мина и финишираше како 7ми. По казната на Шарл Леклер од Ферари, беше унапреден за една позција.

екипата заслужи добар резултат. бевме фрустрирани во последно време откако често останувавме без поени, но пласманот од јапонија е одличен.

имавме проблеми на кваификациите со задниот дел од болидот, но момците го праправија. проблемот не натера да стартуваме толку доле во проедокот, но имавме одличен ритам и добро се пробивавме.

почетокот на медиум ни донесе голема предност затоа што добро претекнував и уживав во борбите. добро е кога ќе одработите супер стратегија, ние се обидовме и на крајот заслуживме удобно 6то место – изјави рикардо.

Со овие поени Даниел се одлепи д борбата за 9то место и во моментов е на 7 поени од Хулкенберг, Перез и Норис кои имаат еднаков број освоени бодови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ