Рикардо: Некој мораше да создаде забава

Даниел Рикардо го покажа своето незадоволство по двете казни од 5 секунди кои го чинеа поени на Француското Гранд При. Рикардо ја доби казната откако ги претекна Ландо Норис и Кими Раиконен во последниот круг, но притоа ги надмина границите на патеката.

Норис имаше механички проблеми, што им дозволи на Рикардо, Раиконен и Хулкенберг да му доближат. На крајот возачот на Мекларен заврши позади тројцата, иако по малку нефер, бидејќи беше избуткан од Рикардо надвор од патеката.

Австралијанецот потоа отиде околу Раиконен на правецот и уште еднаш со сите четири тркала ја напушти патеката, што пак потоа беше разгледано од стјуардите.

Дискутирајќи го инцидентот, Рикардо го истакна следното:

Направив се што можев да останам на патеката, но со новата површина, има дел со многу грип, но останатото нема воопшто.

Направив се што можев. Ако сум искрен, со тимот се надевавме на поени, но од моја страна, драго ми е што се обидов, не ми е криво, бидејќи е последен круг, а никогаш не е мој стил да возам позади конзервативно сред борба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ