Рикардо не е подготвен за нов договор

Даниел Рикардо откри дека не е подготвен да се обврзе на подолг рок со Рено во Енстон, велејќи дека прво тимот треба да се одвои како најдобар од останатите.

Во моментов австралијанецот ја одработува првата година од двегодишниот договор со Рено, а во моментов не е заинтересиран да разговара за никакво продолжување на соработката.

за сега одговорот е не, но тоа не е поради тоа што не верувам или се сомневам во рено. сакам да почекам на вториот дел од сезоната. трпението е клучно за овој моменто од мојата кариера – објасни дани.

На изненадуваење на многумина, Рикардо лани не ја продолжи соработката со Ред Бул и се реши да мине во фабричката екипа на Рено каде почнува да влегува во ритам по лошиот почеток на сезоната. Негов најдобар резултат беше 6то место во Канада, а ќе завршеше во поени и во Франција доколку не добиеше две казни од по пет секунди.

Возачите на Рено се мачеа на последната трка, но разбраа дека немаат фундаментален проблем со болидот, иако во моментов заостануваат зад четвртопласираните Мекларен со цели 20 поени.

годинава е позитивна за мене иако не можам да речам дека не е тешка. јас прифаќам предизвик и поради тоа сакав нешто целосно свежно и ново. оваа промена ми дозволи да пораснам како возач и личност. не бев под илузија дека ќе почнам да победувам преку ноќ, сакав да ми стане удобно во болидот за да можам повеќе да ризикувам.

бев сигурен дека нема да имам можност да се борам за титула доколку останев во ред бул. најмногу што можев да добијам таму беше борба за подиум.

Името на возачот продолжува да се става во комбинација за воачко место во Ферари доколку Себастијан Фетел реши да стави крај на својата тркачка кариера. Медиумите на крајот од минатата година пренесоа дека Себ лично го блокирал неговиот трансфер во Маранело, но Дани не верува во тоа.

немам точен одговор на тоа, но би рекол дека не е вистина. мислам дека возач не може да има толку големо влијание врз некој тим од калибарот на ферари.

Медиумите велат дека Себ не е среќен во Ферари, а дополнително незадоволство му прави и се поконкурентниот Шарл Леклер. Рикардо знае како му е на Фетел затоа што голем дел од неговата одлука да замине од Милтон Кинс била донесена и по се поголемиот притисок од Макс Верстапен.

можеби чувствува нешто како јас пред една година, фрустрации и ранливост. во некои ситуации немав мотив гледајќи дека болидот не е добар. но, тој сеуште е многу брз возач и може да освои титула. единствено прашање е дали може формата да ја задржи во текот на целата сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ