Рикардо открива дека сака да остане во Рено

Тој сеуште не донел одлука и признава дека има многу фрустрирачки моменти, но Даниел Рикардо инсистира дека сака да остане во Рено и да го доведе тимот до следното ниво.

Откако премина од Ред Бул во Рено на крајот на сезоната, првата година на Рикардо со францускиот производител не е според плановите, откако тимот има проблем да ги повтори перформансите од 2018 година и моментално се на петто место во пласманот.

Рикардо има договор од 2 години со Рено, кои веќе го потврдија Естебан Окон од Мерцедес како негов партнер за 2020 година. Австралијанецот тврди дека е среќен да остане на подолг период.

Дали сакам да останам? Да, бидејќи иделно би се движеле кон следното ниво.

Моја желба беше да дојдам тука. Мојата намера не беше да имаме период од 2 години на друго место. Знам дека некои луѓе така мислат, но јас сакам оваа соработка да функционира. Сметам дека времето посветено годинава покажа го посакувам ова.

Дефинитивно не сум донел одлука сеуште за 2021 година. Не сум разговарал со Сирил. Не сакам да говорам од негово име, но тој е фрустриран годинава. Мислам дека дел од него смета дека можеби не разочарал, но очекуваме да биде подобро.

Кога разговаравме минатата година, имаше големи надежи за оваа. Убедени сме дека наредната ќе биде уште подобра, но тој најверојатно мисли: ако не е подобро, зошто би останал Даниел? Тоа најверојатно го мисли во моментов и можеби од таму излегуваат коментари.

Тој е целосно искрен со себеси и сака повеќе и подобро, за да ме задржат.

Рикардо е на осмо место во пласманот, а најдобар резултат беше во Италија со 4то место, но досега има само 5 топ 10 финиши. 30 годишниот возач очекувал тешка и транзициона сезона.

Дефинитивно не сакам да бидам негативен, но без разлика на се, ако завршувавме на шесто место секој викенд, знаев дека ќе имаме поголеми цели и дека нема да бидеме на посакуваната позиција.

Да, во моменти сме поназад, но знаев дека ќе имаме многу работа. Бев подготвен за тоа.

Иако работев многу часови и понапорно годинава од изминатите, сеуште ужвам бидејќи атмосферата е поинаква, нови луѓе, нови врски.

Ја потврди мојата желба да бидам во спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ