Рикардо открива: Рено со целосно нова аеродинамика догодина

Даниел Рикардо откри дека болидот на Рено за следната година ќе има целосно нова аеродинамичка филозофија откако сфатиле дека тековниот болид е на лимитот на својоте потенцијал.

Годинешнава сезона на француската фабричка екипа не ги исполни очекувањата, имаа проблеми со издржливоста на почетокот од првенството и им требаше оста трки пред да стигнат до солидно ниво на перформанси и да фатат чекор со врвот од средината на поредокот. Последната трка во Монца беше одлична за нив, а Рикардо и Хулкенберг стигнаа до 4то односно 5то место во Монца, најдобар резултат зод кам-бекот на компанијата во врвот на моторспортот.

Порастот на перформансите сезонава се должат пред се на подобрувањата кои дојдоа на страната на моторот во Вири, а не на шасиајта која се произведува во Енстон.

од мојата комуникација со тимот, изгледа дека основата на болидот, насоакта на развој дојде до својот лимит. се развивме малку годинава, но стигнавме до врвот, до зенитот и не можеме многу повеќе да извлечеме од филозофијата и концептот кој го следиме – појасни рикардо.

Поради тоа, французите се свесни дека за да ја постават својата шасија на нивото на својот мотор, ќе им треба целосно различен дизајн за следната сезона.

од оваа гледна точка се чини дека сакаат целосно нова аеродинамичка филозофија за болидот следната година. наместо фокус на средниот дел од болидот и обид да се генерира потисна сила во тој дел, ние ќе се фокусираме на предниот дел.

изгледа дека на почетокот ќе биде многу потешко, но големата слика е дека ќе добиеме повеќе потисна сила во некој рок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ