Рикардо повторно под истрага

Даниел Рикардо и денеска беше повикан кај стјуардие по лудиот крај на Француското Гранд При откако ја напушти патеката во текот на претекнувањето на Ландо Норис, а потоа и на Кими Раиконен во својот поход кон 7то место на трката.

Ландо Норис имаше механички проблеми на крајот од трката и од 7мо место во последниот круг беше минат од Рикардо, Раиконен и Нико хулкенберг и успеа да стигне само до поен, иако беше прогласен за Возач на денот.

На кривината пред Митрал правецот се случи мешаница, Рикардо излезе надвор од патеката сакајќи да го мине Ландо, овој мораше да отиде широко на следната кривина за да не удри во неговото Рено. Потоа австралијанецот го обиколи и Кими Раиконен, но повторно со четири тркала беше надвор од дозволената лнија со што остави простор да биде казнет.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ