Рикардо, Раиконен и Гросжан повикани кај стујардите

Даниел Рикардо од Рено, Кими Раиконен од Алфа Ромео и Роман Гросжан од Хаас се повикани кај стујардите поради инцидентот на почетокот на квалификациите во Франција.

Во првите три минути од К1, Рикардо драстично забави на патеката поради што Раиконен мораше да го избегне во 11от свиок. Избегнувањето на Раиконен не му помогна на Гросжан кој беше зад него и мораше да забави за да не удри во финецот.

Овие два инцидента се разгледувани од ФИА. Рикардо е под истрага дека непотребно забавил и му наштетил на Раиконен, додека финецот е под истрага поради тоа што му го попречил патот на Гросжан. Доколку било кој возач се покаже дека е виновен, минималната казна е три грид позиции.

Гросжан не успеа да напредува во К2 и ќе стартува на 17та позиција, додека Кими Раиконен ќе стартува од 12та позиција. Рикардо влезе во К3 и се квалификуваше на 8мо место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ