Рикардо: Резултатот е доказот од Рено

Даниел Рикардо смета дека неговото 4то место на Италијанското Гранд При е резултат кој ги отсликува плодовите на работата на Рено, поточно нивнот оддел за мотори во француски Вири.

Тој и неговиот колега Хулкеберг се пласираа во топ 5 за најдобриот резултат на Рено од нивното враќање во Формула 1, што следеше по одлични квалификации во Сабота. Австралијанецот призна дека грешката на Себастијан Фетел рано во трката им ја олеснило работата.

вистински верувам дека денеска имавме болид способен за 4то место. јасно е дека себ ни помогна, но штом дојдовме до 4то место, си го заслуживме тоа – смета рикардо.

Дани е свесен дека конфигурацијата на патеката им помогнала да стигнат до добар резултат што почнал уште од квалификациите.

се надевам дека ќе продолжиме со одличните резултати. одиме на различни патеки кои бараат многу потисна сила, уличниот и нерамен сингапур и оние што следат. покрај уникатноста на монца, сметам дека можеме многу да научиме од оваа трка.

Рикардо ги пофали сите во Рено за неделниот резултат, особено оние кои работат во Вири-Шатилон задолжени за моторот на Формула 2 болидот.

сакам посебно да им се заблагодарам на сите, јасно е дека сите сме среќни и задоволни, а особено на оние во вири кои го составија моторот.

да се дојде до најдобриот резултат на монца од 2008 година на патека која моторот има главна улога е вистински печат на сработеното.

последните неколку години воопшто не ни е лесно, со моторот е направено многу оваа година и овој успех е нивни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ