Рикардо: Рено треба да го врати победничкиот менталитет

Даниел Рикардо бара од Рено да го вратат победничкиот менталитет при нивниот напредок во поредокот во Формула 1 и смета досега во Канада тие постигнале значително подобрување.

Откако премина во Рено во зимскиот период, Рикардо поминува низ помешани чувства  со четири финиши во поени по 12 трки. Австралијанецот помислува на клучните разлики помеѓу стариот тим и француската екипа и смета дека мора да се најде одредено ниво на самодоверба за да се изедначат со менталитетот во Ред Бул.

Од првиот ден кога пристигнав, веќе неколку работи функционираа, од инжнерска гледна точка, како и структурата на вработените и при состаноците. Секаква анализа, на се, на пневматиите, развојот на шасијата, на сето тоа.

Но, големата работа која ја почувствував беше тоа што кога се придружив на Ред Бул, тие веќе беа победници. почувствував дека кога пристигнав во Рено имаше помалку недостаток на самодоверба бидејќи немаа победа долго време.

Не е ароганција, едноставно во тимот има одредено ниво на гордост, кое не верувам дека е на нивото на Ред Бул. Од јасна причина. Но се обидуваме да го постигнеме тоа.

Во Канада имаше момент кога помислив дека работите навистина се променија. Се квалификувавме на 4то место и сите беа среќни, но не беше како да сме освоиле титула. Беше повеќе како “добро, припаѓаме тука, тоа беше моментот“.

Тоа е половина од битката со се. Како возач, сите сме талентирани, но тој менталитет, дали имате се што е потребно да успеете. Исто е и со тимот, со механичарите и со инженерите.

Ако имаат менталитет дека може да направат чекор напред, тоа е половина од битката. Тоа го имаме приметено и тоа е позитивно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ