Рикардо: Рено треба да напредува, но нема план за големо подобрување

Рено треба да направат поголеми чекори ако сакаат да напредуваат во Формула 1, смета нивниот возач Даниел Рикардо.

Рено ја истакнаа својата желба да ја намалат разликата со трите водечки екипи, откако завршија на 4то место во 2018 година, но не успеаја досега да ги остварат своите цели.

Производителот е на шесто место во пласманот, со помалку од половина освоени поени во споредба со минатата година во истиот период. Претходните подобрувања во Франција не донесоа очекувани резултати, а некои од деловите беа отстранети во Британија, по очајни резултати во Австрија.

Нема да имаме големо подобрување во блиска иднина, но очекувам некаков развој. Донесовме нови делови во Франција, не беа големи, така што следните очекувам да бидат значителни.

Подобрувањето нема да биде на првите неколку трки, можеби покасно. Сега во средината може да кажеме дека беше ок, но мора да бидеме подобри. Ако сакаме да целиме кон подиуми во 2020 година, мора да правиме поголеми чекори напред во втората половина.

Сега за сега, во средина сум со моите очекување, но очекувам во втората половина да имаме повеќе постојани финиши во топ 6.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ