Рикардо се присетува: Луис ме блокираше во Монако, исто како Себ него

Даниел Рикардо се присети дека Луис Хамилтон не бил казнет за сличен престап како што направи Себастијан Фетел во Канада по што му беше одземена победата. Австралијанецот во Монако пред три години го напаѓаше Хамилтон во пресрет на Нувел шиканата.

Казната поради небезбедното приклучување на патеката го чинеше Фетел 5 секунди и одземање на победата, откако Хамилтон обвини дека за малку ќе се судреле. Рикардо смета дека казната не била фер и го спореди потегот на Себ со оној на Луис од Монако.

ако фетел се обидеше да се помести во лево, ќе се извртеше. кога кочите на трева, исто така се извртувате. за луис немаше многу простор, но имаше доволно.

јас имав идентична ситуација со луис во монако во 2016 година. тој мораше да оди низ шиканата, надвор од патеката и за малку ќе ме насочеше право во ѕид кога се враќаше на патеката. по мене, тоа беше поопасно одошто ова вчера, но тој не беше казнет, што е добро затоа што не оставија да се тркаме – се присетува дани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ