Рикардо се согласи да му плати 12 милиони на поранешниот менаџер

Даниел Рикардо се спогоди со својот поранешен советник, Глен Бивис, и ќе треба да му плати 12 милиони долари врз основ на неплатени провизии во спорт што се водеше во Врховниот суд во Лондон летово.

Бивис ја поднесе тужбата во Велика Британија со обвинување дека не му била исплатена провизијата од 20% која согласно потпишан договор му следувала од неговиот клиент, Даниел Рикардо, моментален возча на Рено. Тој тврдеше дека му помогнал на австралијанецот да си обезбеди двегодишен договор со Рено кој се проценува дека вреди 55 милиони долари.

даниел рикардо и глен бивис се задоволни што може да потврдат дека се договорија за спогодба околу сумата која му се должи на глен и со тоа ставија крај на процесот пред врховниот суд во лондон. даниел и глен се посакаа се најдобро во иднина – вели порепаролот на судот.

Нивниот формален однос почнал во 2013 година кога Бивис нудел менаџерски и констултантски услуги за возачот преку фирма во Британските девствени острови каде краен сопственик е Рикардо.Нивната соработка е прекината на крајот на 2018 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ