Рикардо смета дека времињата не ги покажуваат перформансите на моторот

Даниел Рикардо верува дека времињата по круг кои ги возел во Петок не го покажуваат соодветно подобрениот агрегат кој Рено на оваа трка го вгради во неговиот болид.

Францускиот фабрички тим одамна најави доста аеродинамички новини на болидот за домашната трка, а во последен момет стави и нова спецификација на мотор во болидот на австралијанецот. Сепак, тој успеа да дојде само до 9то место на првата тренинг сесија, а на втората беше надвор од топ 10.

денот беше позитивен иако можеби времињата по круг не го покажуваат тоа. болидот беше добар во текот на сите серии кои ги возевме – започна рикардо.

Сепак, тој призна дека се мачел да најде перформанси на софт гумтие поради жесшкиот асфалт на Ле Кастелет, по што заостана над 2 секунди на втората трениг сесиај зад Ботас. Порак се, отј е убеден дека во Сабота ќе биде многу подобро и се надева на повторување на 4то квалификациско место од Канада.

квалификацискиот обид на софт не беше како што треба особено со преголемата температура на патеката и можеби таму треб да се подобриме. не чувствував дека многу заостануваме и поради тоа сум оптимист за сабота. новинтие изгледа дека се позитивни и имаме многу податоци за анализа и подобрување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ