Рикардо смета дека Рено покажува знаци на напредок

Даниел Рикардо верува дека Рено се движи во правилна насока со својот овогодишен болид по најдобриот викенд за тимот пред две недели во Канада.

Во Франција фабричката екипа ќе вози на домашната трка охрабрени о д 4то место на Рикардо на квалификациите и прв двоен финиш во поени годинава. Дополнително, тимот носи и многу аеродинамички новини за домашната трка со кои сака да се доближи до водечката тројка, нешто што е нивна цел од почетокот на сезоната.

По двојниот финиш во поени, французите се на 5то место во конструкторскиот поредок со само два поени заостаток од нивните муштерии од Мекларен, но цели 96 поени зад Ред Бул кои се трети тим во шампионатот.

беше одлично да се види позитивни лица кај сите во тимот по минатата трка затоа што влеговме во сезоната со големи очекувања. мислам дека почнуваме да ја покажуваме вистинската брзина и реалниот ритам.

мило ми е што екипата имаше силен викенд затоа што на моменти бевме под голем стрес годинава, но продолживме да работиме и сега сум оптимист дека сме на вистинскиот пат.

јасно е дека имаме уште многу работа за да ги стасаме оние пред нас, но борба со топ 3 екипите во канада беше многу забавно за нас – се присетува рикардо.

Австралијанецот е подготвен за предизвиците кои со себе ги носи Пол Рикар, целосно различна трка од претходните две кои се возеа во Монако и во Канада. Тој смета дека ќе има многу можности за претекнување на патеката дури.

одиме на пол рикар по две трки кои се одржуваат на патеки кои не се тркачки во текот на целата година, монако и монтреал, каде ѕидовите се многу блиску и нема можност за грешка. ризикот е помал во франција затоа што е отворена патека со многу место, има долги и технички кривини кои се голем предизвик,.

По неубедливиот старт во Рено, Дани смета дека наоѓа ритам со РС19 пакетот, а ќе има и новини кои ќе го забрзаат на Пол Рикар.

цел за франција е повторување на резултатот од канада. имаме новини кои ќе значат подобрување на ритамот на трка. добро напредуваме, болидот се подобрува, јас сум посамоуверен и само ќе се подобрувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ