Рио го откри изгледот на патеката

Рио де Жанеиро сериозно размислува да ја превземе Формула 1 трката од Сао Паоло, а доказ за тоа е и дефинитивниот изглед на патеката кој веќе излезе во јавност.

Американскиот конзорциум РИО Моторспорт тврди дека добиле тендер да ја изградат патеката согласно Договор за концесија на 35 години за користење на земјиште кое припаѓало на војската.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро излезе со тврдење дека Рио ќе ја превземе трката од Сао Паоло уште следната година, но од Интерлагос демантираа и потврдија дека имаат валиден договор за 2020 година, а неодамна Градскиот совет донесе одлука да се направат напори и да се продолжи со организација на трката.

Рио МотоПарк е нацрт создаден во соработка со славниот дизајнер Херман Тилке кој бил бклучен во работењето од самиот зачеток на проектот. Сепак, Претседателот Болсонаро најави дека автодромот ќе се вика Аиртон Сена, но името засега е Рио МотоПарк иако уште на нацртот дел од патеката се вика “Есовите на Сена“.

предлогот кој го донесовме во рио е слика на модерна патека, динамична и преполна со емоции. во исто време сметаме дека локацијата е одлична и дава можност за низа од различни спортови кои ќе го подобрат целиот дел од градот – објасни херман тилке.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ