Рич Енерџи загуби на суд за своето лого

Главниот спонзор на Формула 1 тимот на Хаас, Рич Енерџи и неговиот Главен извршен директор Вилијам Стори, ја загубија судската битка околу обвинувањата за прекршување на авторските права од компанијата за производство на точаци Вајт Бајкс (Whyte Bikes).

Компанија за производство на велосипеди од Сасекс го бранеше своето лого со трдење дека компанијата за производство на енергетски пијалоци го ископирала нивниот дизајн без да побара дозвола за тоа. Со спорното лого годинава е украсен болидот на Хаас, облеките на тимот и кацигите на возачите.

По пресудата, Рич Енерџи нема да има право повеќе да го користи логото во никоја форма, иако најавуваат жалба.

Во случајот како обвинет беше и дизајнерот на логото на Рич Енерџи, Шон Кели кој преку својата Стаксовеб компанија беше сослушан од Судот во Лондон во Март, а судијката донесе пресуда на документ од 58 страни.

ова е тужба за прекршувања на авторските права и пресудата значи отстранување на логото од се што е во врска со обвинетите рич енерџи вклучително и формула 1 болидот и вебсајтот на екипата – гласи дел од пресудата.

Дополнителн Вајт Бајкс има право да бара отштета како загубени профити предизвикани од незаконска употреба на нивното лого. Вајт го користеле логото од 2008 годинам додека Рич Енерџи изјавија дека нивното лого било дизајнирано во 2015 година, но не било инспирирано од верзијата на Вајт.

разочаран сум од пресудата и мислам дека материјалнтие докази доволно говорат сами за себе. сепак ова нема да не одвлече од огромниот напредок кој го правима и додека ги разгледуваме правните опции вклучитечно и жалба продолжуваме со работа – изјави вилијам стори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ