Рич Енерџи ја прекина соработката со Хаас

Рич Енерџи, според својот Твитер профил, ја прекинале соработката со екипата на Хаас Ф1.

Компанијата за енергетски пијалоци, чијшто производ е редок колку заби на кокошка, објави дека слабите перформанси на американската екипа, нешто со што тие се запознати, имале негативно влијание над продажбата на нивните производи.

Денес Рич Енерџи го раскинува договорот со Хаас поради слаби перформанси.

Целиме да ги победиме Ред Бул Рејсинг, а тоа што завршивме позади Вилијамс во Австрија е неприфатливо. Политиката и политички коректниот однос во Ф1 исто така негативно влијаат над нашиот бизнис. И посакуваме на екипата се најдобро.

За потсетување, Кевин Магнусен во Австрија се квалификуваше на петто место, пред барем еден болид на Ред Бул. Но тимот навистина имаше проблеми во трката и Роман Гросжан и Кевин завршија на 16то и 19то место.

Одлуката на Рич Енерџи за инволвирањето во Ф1 доаѓа по неколку судски наредби во Велика Британија во однос на случајот со копирањето на логото со тоа на Вајт Бајкс.

Потенцијалната одговорност поврзана со случајот можеби ги натерала Рич Енерџи да го прекине спонзорството, иако нивното оправдување е далеку од тоа. Можноста нивниот профил на Твитер да биде хакиран е една верзија. Или пак изјавата е промотивен гест кој ќе биде негиран во следните часови.

Сепак, доколку се покаже дека веста е вистинита, без разлика на вистинските причини позади нивната одлука, на спортот ќе му недостасува спонзор кој доведе до неколку комични моменти.

За жал, Хаас беше единствената причина што луѓето воопшто слушнаа за Рич Енерџи. Американската екипа сеуште не реагирала.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ