Рич Енерџи ќе биде главен спонзор на Хаас

Американската Формула 1 екипа, Хаас, потврди дека потпишале договор за главен спонзор за тимот во следната натрпеварувачка сезона, а тоа ќе биде британската компанија за енергетски пијалоци Риџ Енерџи. Согласно повеќегодишниот договор, екипата ќе се вика Риџ Енерџи Хаас Ф1, а шасијата ќе претрпи значителни промени во однос на бојата каде ќе доминираат црно-златните нијанси.

Од својот влез во Формула 1 во 2016 годна, ова е прв пат Хаас да има главен спонзор откако целиот болид беше реклама за Хаас, компанијата на сопственикот Џин. Од друга страна, Риџ Енерџи веќе некое време се обидуваше да потпише договор со Форс Индија или да купи сопственички удел во екипата.

Главниот извршен директор на компанијата, Вилијам Стори, беше забележан во падокот во Остин како гостин на Вилијамс на минатонеделната трка.

Пресреќни сме што ќе станеме дел од Формула 1 како главен партнер на Хаас. Нашата компанија дели синергија и работна етика за да донесе нешто ново на масата на веќе етаблиран бренд. Уживаме во конкуренцијата и соработката, се надеваме на повеќе во иднина со возбудливи концепти и промоција на Рич Енерџи низ светот.

Формула 1 е премиум производ на свој начин и нашето партнерство со Хаас ќе ни донесе вредно средство во нашите глобални маркетин стратегии – изјави Стори.

Гунтер Стаинер, главниот човек во Хаас додаде:

Обезбедување на партнер како Риџ Енерџи е уште еден многу важен момент во развојот на Хаас. Им посакуваме добредојде во нашата организација и знам дека делиме иста амбиција за напредок во соодветните полиња. Ќе биде возбудливо за нас како тим да бидеме фокусот на маркетинг одделот на Рич Енерџи затоа што ќе се промовираме на исти пазари каде се возат трките.

Како што видовме сезонава, продолжуваме да притискаме за перформанси на патеката и нема сомнеж дека со Риџ Енерџи ќе имаме добра соработка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ