Розберг: Валтери мора да престане да биде фин кон Луис

Единствениот начин возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, да го победи својот тимски колега, Луис Хамилтон, е финецот да работи напорно, смета Нико Розберг, кој вели дека ја научил својата лекција додека бил во екипата покрај сега петкраниот шампион од 2013 до 2016 година.

Розберг ја освои титулата во 2016 година и потоа веднаш се пензионираше, а сега вели дека ја надгледува ситуацијата помеѓу Ботас и неговите обиди да го победи Хамилтон.

Во мојот случај, Луис е малку повеќе природно талентиран возач. Тој е најталентиран возач во историјата покрај Аиртон Сена и единствениот начин да го победите е преку огромна напорна работа.

Со Валтери е исто. Може да забележите дека работи многу напорно и е многу посветен. Тоа е неговата силна страна.

Минатата година беа потешки времиња за него, но тој направи големи чекори годинава. Се работи за мали детали. Дури и јавното внимание кон неговата брада беше важно!

Шампионот од 2016 година вели дека тој морал да зајакне ментално со цел да го има правилниот пристап во нападот над Хамилтон.

Беше тешко бидејќи јас природно не сум таков. Јас сум добар дечко и мислам дека и Валтери е таков. Тешко е да се промените себеси од таа гледна точка.

Во зимскиот период, јас поминував по два часа на психијатар со вежби секој ден. Работата е премногу, покрај се друго. Тоа го правев со години, но во мојата последна сезона, навистина притискав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ