Розберг дециден: Фетел си ја заслужи казната

Поранешниот Формула 1 првак, Нико Розберг, е јасен во војата изјава дека казната која стјуардите му ја доделиле на Себастијан Фетел во Канада е целосно заслужена.

Многумина не се согласуваат со 5те секунди казна кои ги доби Фетел, поради што ја загуби трката иако прв ја мина целта. Сепак, Нико смета дека неговиот сонародник имал доволно можности да се врати на патеката без да го попречува Луис Хамилтон во 48от круг од трката.

фетел вели дека имал нечистотии на гумите, дека немал контрола и дека не можел да направи ништо, ниту го видел луис. тоа е така, но луис беше таму, а правилата велат дека кога ќе ја напуштите патеката, мора безбедно да се вратите на истата. фетел мина преку цела патека, мислам дека можеше порано да сврти во лево, да остави повеќе простор, посебно откако луис почна да кочи за да не се удар. јасно е дека можеше да остави повеќе простор, но не го стори тоа.

наместо тоа, отиде во десно, сосема во десно и не остави воопшто простор за луис. хамилтон виде дека е во опасна ситуација поради фетел и мораше да закочи.

ја гледав снимката многу, многу пати и мислам дека луис ќе беше во ѕид доколку останеше на својата брзан и намера затоа што фетел се движеше се повеќе на таа страна. допирот ќе беше неизбежен, а и контактот со ѕидот.

по мене е многу јасно дека себастијан се врати небезбедно на патеката. правилото е такво, мора безбедно да се приклучите, ако не следува казна – смета розберг.

Нико откри и дека разговарал со татко му, Кеке Розберг, кој не е целосно убеден дека казната на Фетел е оправдана.

татко ми смета дека ситуацијата веројатно е 60-40, 60% казна, а 40% не. тој смета дека себастијан немал контрола и не можел ништо поинаку затоа што имал нечисти гуми од тревата и се останато.

јас сметам дека и покрај сето тоа, мора да се вратите безбедно на патеката, а тој не го стори тоа.

тоа е тоа по мене, казната е заслужена, а оправдувањето не е валидно. целосно се согласувам со казната.

Исто така, Розберг го критикува и начинот на кој емоциите и гневот на Фетел се видоа по крајот на трката.

наместо да се жали преку радиото за казната што се знае дека во тој момент не може ништо да промени, тој требаше да се фокусира на возењето и да направи предност од тие пет секунди, затоа што во тие моменти веќе беше 3,3 секунди пред хамилтон.

требаше да се фокусира и да врти брзи кругови, имаше шанса на тој начин да си ја зачува победата. тоа беше уште една слабост од фетел, имае огромна самодоверба и секогаш смета дека е во право и сака да ги обвинува другите луѓе. на тој начин губи фокус и гледате што се случува.

не беше убаво да се гледа таков став од него. тоа што следуваше по трката, гестовите и лошите коментари кон стјуардите, сето тоа беше непотребно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ