Розберг и Вебер импресионирани од Луис

Поранешните победници на трката во Монако, Нико Розберг и МАрк Вебер се импресионирани и полни со пофалби до Луис Хамилтон за неговото издание и неверојатна работа до својата втора победа низ Кнежевството.

Вебер победи во Монако во 2010 и 2012 година за Ред Бул и е свесен дека на Хамилтон мора да му било многу тешко по проблемите со гумите.

тоа чувство е ужасно дури и покрај тоа што имате најдобра позиција на патеката и може се да диктирате. знаеше дека нема шанси да влезе во бокс и да ја загуби позицијата затоа што тоа ќе беше самоубиствен крај на трка во монако.

видовте дека апсолутно немаше грип, ротацијата но лоус, раскас, портие беше нереална и јасно е дека имаше и дополнителен притисок од макс верстапен зад себе на поинакви и понови гуми. голема главоболка во секој случај.

ментално беше нестабилен со толку проблеми, но одморенео возеше, многу прибрано и тоа може да се очекува од него. во ниту еден момент не се посомневав дека може да заврши во ѕидот или дека ќе снема грип или ќе се судри со макс, неизнудена грешка за него не постои – објасни вебер.

Нико Розберг, возачот кој победи за Мерцедес како колега на Хамилтон од 2013, 2014 и 2015 година исто така го пофали возењето на актуелниот првак.

луис заврши неверојатна работа затоа што не беше најбрз на квалификациите, можеби беше втор најбрз, но освои пол позиција, а на трката беше неверојатен. тимот малку ја зезна работата за него, а тој возеше фантастично и безгрешно менаџираше со гумите.

Марк Вебер се осврна и на пристапот од тимот и раководењето со трката.

мислам дека момците преку радиото му даваат одлични факти за да го оправдаат сценариото. јасно е дека одбрале погрешна гума, но тоа не можеа да го кажат јасно и гласно. сепак, ситуацијата беше таква што имаше и други информации за да го поддржи нивниот избор.

луис можеше кон крајот да вози и 2-3 секунди побавно и да не му дозволи на макс да го мине. макс се обиде, но луис беше силен во тунелот каде моќта на мерцедес дојде до израз.

верстапен е тркач и нема шанси да седи цело време зад некого без да проба да мине. нема да може да заспие мислејќи дека не пробал ништо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ