Розберг: Ми требаше терапија за да го победам Хамилтон

Нико Розберг признава дека посетувал спортски психолог неколку пати неделно за да може да биде подобар од Луис Хамилтон и да стане шампион. Розберг е единствениот кој ја прекина доминацијата на Хамилтон со освојувањето на титулата во 2016 година и веднаш се повлече од спортот.

Тој смета дека е потребно одредено ниво на посветеност да се стане шампион и да се победи Хамилтон.

Два часа секој втор ден на психолог. Тоа е голем процес кој многу ми помогна да станам шампион. Го посветив секој момент од мојот живот на победи и да станам шампион.

Луис ме донесе до моменти да барам начин како да се подобрам бидејќи тој е најдобар на сите времиња или оди кон тоа. Секако да се победи треба нешто поесбно. Тоа е единствениот начин.

Германецот додаде дека борбата со британецот имала штета и на него и неговото семејство и затоа тој е задоволен што го завршил тој дел од живоотот.

Тешко е да си во Формула 1. Тоа ја засега сопругата, мајката и таткото. Бијдеќи не си дома додека се не е завршено. Тоа ги засега сите. Многу е напнато. Тагата и радоста ги носите дома. Тоа никогаш не престанува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ