Розберг: Норис и Саинз немаше да се пријатели ако се бореа за титула

Поранешниот Формула 1 првак, Нико Розберг, смета дека тандемот на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Саинз нема да останат пријатели доколку почнат да се тркаат да победи и титули.

Трофејната екипа од Вокинг сезонава има целосно нов возачки тандем откако лани во портокаловиот болид беа Стофел Вандорн и Фернандо Алонсо. Младите оогодишни возачи се висински пријатели надвор од патеката, а резултатите годинава им се одлични и многу често се најдобри од останатите пред фабричката екипа на Рено, а веднаш зад топ 3 екипите.

Ландо и Карлос се сметаат за многу талентирани млади возачи, а новите правила од 2021 година се насочени кон поголема конкурентност, по што Розберг смета дека тие нема да бидат толку фини еден кон друг.

може да бидете пријатели само доколку има јасен број еден и број два возач во тимот. ако имате двајца со подеднаков статус, не е возможно да бидете пријатели.

возачите имаат големо его, а политиката е присутна насекаде. се борите за титули и влогот е голем, така што многу работи стануваат поважни од пријателството.

тие во моментов се тркаат за 10то место, а доколку се бореа за титули, тоа ќе промени многу работи, запамтете што велам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ