Розберг открива: Шумахер не ми даде да одам во тоалет

Нико Розберг откри колку бил конкурентен Михаел Шумахер со кого беа колеги во Мерцедес и што се бил подготвен да направи во психолошката војна, за да биде побрз од својот колега. Како пример Нико откри како Михаел го заклучил во тоалет во пресрет на квалификациите во монако.

Зборувајќи за борбите со своите тимски колеги во минатото, Розберг разговараше со Даниел Рикардо и се присети на неговиот однос со Црвениот Барон.

михаел ми беше колега три години, тој е господин психолошка војна. не треба ни да размислува што да направи, таквите работи му доаѓаат природно, тој е таков.

тоа беше големо школо за мене. воинот кој ментално беше михаел беше феноменална работа, тој живееше и се тркаше така секој ден. од утро до вечер се обидуваше да ми влезе под глава, да ми влезе под кожа и да ми ја уништи самодовербата.

има толку многу примери кои можам да ги расажам. едни се квалификациите во монако каде има само еден тоалет во гаражата каде јас бев 10 минути пред почетокот на квалификациите. знам дека имам две минути да одам до тоалет пред да се вратам во болидот и да возам.

тропнав на вратата затоа што беше заклучено и кажав дека сум јас за да ако е внатре некој механичар сфати дека вообичаено пред квалификациите јас су приоритет. немаше одговор, јас продолжив да чукам, никој не кажа ништо, а чув дека некој имаше внатре.

михаел беше во тоалетот, седеше мирно и гледаше во саатот знаејќи дека ако искочи на три минути пред стартот на сесијата скокне во болидот се закопча и почне да вози, јас нема да можам да се олеснам и ќе ми ја уништи мојата квалификациска стратегија.

стоеше и гледаше во саатот, кулираше и си броеше во себе, а јас бев надвор цел во паник затоа што не можам да се квалификувам со полна бешика, тоа е за никаде. немав опции и се олеснив во една канта за гориво што ми падна во очи, немав што друго да направам, болидот веќе беше подготвен.

го направив тоа, завршив работа, но бев цел во паника и тоа дефинитивно влијаеше на моите квалификации. додека се олеснував во кантата за гориво се отвори вратата, михаел си искочи мртов ладен, почна брзо да се движи накај болидот затоа што знаеше дека квалификациите почнуваат. вакви игри играше по цел ден – се присети розберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ