Розберг смета дека Ферари погрешиле со аеродинамиката

Формула 1 шампионот од 2016 година, Нико Розберг, смета дека овогодинешниот СФ90 болид на Ферари има голема аеродинамичка грешка и ќе треба долго време пред истиот дса биде поправен.

Италијанците имаат целосно различен аеродинамички пристап споредено со Мерцедес сезонава и пониска филозофија во однос на драт силата, што се гледа од целосно различниот концепт на пред но крило на болидот. Тоа има носи голам брзина на правците на Ферари, но низ кривините Мерцедес се тие кои имаат предност по што дојдоа до три 1-2 победи на првит едве трки сезонава.

мерцедес се големи, големи фаворити во моментов и изгледаат навистина многу силно. ферари се мачат и искрено мислам дека го носат својот болид во погрешна аеродинамичка насока.

имаат премалку драг сила и потисна сила низ кривините и поради тоа губат многу време по круг, што не е идеално така што мораат да го поправат болидот – објасни розберг на својто youtube канал.

Прогнозите на Мерцедес беа дека “црвените“ ќаруваат по половина секунда на правците во Бахреин, но природата и карактеристиките на патеката крај Шангај која има многу долг правец, но и многу кривини, беше во полза на „сребрените стрели“. Нико откри дека италијанците се обидувале да компензираат за загубите со додавање на потисна сила во задниот дел, но тоа се покажало неефикасно.

викендов се обидутваа да стават сила на задното крило, но ја немаат потребната големина на задно крило. треба да произведат такво крило, но едноставно ставање на поголемо задно крило не е ефикасен начин затоа што коефициентот на зголемување на потисната сила и драг силата е 1:1.

правилен начин е да се надоместат недостатоците на другите делови од болидот како на пример предното крило и страничните делови. треба во моментов токму на тоа да бида фокусирани, но тоа е многу работа и ќе им треба доста време.

Следната трка на календарот за две недели е во Баку каде има уште подолг правец од оној во Кина, но средниот дел од патеката е традиционален градски со доста бавни кривини.

ферари ќе бидат вистински силни на тие патеки со долги правци, но не сум сигурен за баку. има многу бавни кривини каде ќе бугат време и долг правец каде ќе добиваат време.

тешко е од сега да се суди и каже како ќе биде на трка, ќе видиме, но во моментов би прогнозирал дека мерцедес ќе останат на чело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ