Розберг: “Стариот“ Верстапен се врати, едноставно преагресивен

Нико Розберг вели дека Макс Верстапен повторно се прикажал себеси во “старо светло“ во Белгија, со неговиот агресивен маневар во првиот свиок од трката.

Верстапен имаше слаб старт и се обиде да ги надомести сите позиции со преамбициозен маневар при сопирањето во Ла Сорс. Крајниот резултат беше силен удар со Кими Раиконен кој го испрати на две тркала, а што пак доведе до дефект во системот за управување и негово излетување во О’Руж.

Верстапен беше повторно оној стариот. Едноставно премногу агресивен, навистина преагресивен. Не разбирам зошто продолжи под полна гас со дефектен болид. Има мадиња од челик, но сето тоа немаше никаква смисла.

Сепак, шампионот од 2016 беше полн со пофалби за Шарл Леклер и неговата прва победа, инсистирајќи дека тоа ќе ја доведе неговата психа на повисоко ниво.

Неверојатна работа! Тој вози толку добро годинава.

Мислам дека ова ќе биде многу важно за него од ментална гледна точка, а првата победа ви дава многу самодоверба како возач, така што тој ќе премине на повисоко ниво.

Неговото чувство со болидот е многу добро.

Сиротиот Фетел, тој беше како Баричело во оваа трка, го остави тимскиот колега да го помине, а потоа и да му помага. Тоа е неверојатно за четирикратен шампион. Да видиме како ќе се одвива сето ова за него, но тој нема да биде среќен, тоа е сигурно.

Уште еден возач кој му остави впечаток на Розберг беше Ландо Норис. Дебитантот во Мекларен возеше кон пласман на 5то место кога неговиот болид откажа во предпоследниот круг.

Ландо Норис, оф, уште едно епско возење од него. Тој е голема звезда во подем моментално. За сите британци, тој ќе биде некој што ќе сакате да го следите во иднина.

Но замислете колку го боли ова, последен круг, вози неверојатно добро, една од најдобрите трки, 5то место и болидот откажува. Колку ужасно е тоа?

Тркачките богови секогаш носат некои луди работи, но одлична работа од Ландо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ