Розберг ја откри тајната како да се победи Хамилтон

Нико Розберг вели дека напорна работа е единствениот начин Валтери Ботас да го победи својот тимски колега, Луис Хамилтон, во битката за шампионската титула.

Розберг е еден од само двајца колеги на Хамилтон кои успеале да го победат во текот на една сезона, последен пат во 2016 година во горчливиот дуел за шампионската титула.

Германецот од скоро откри дека му биле потребни 2 часа со психијатар секој ден за да се постави себеси во правилна ментална насока со цел да го победи Хамилтон, кој се движи кон својата шеста шампионска титула и покрај подобрената форма на Ботас.

Розберг вели дека Ботас се движи во правилна насока, но мора да продолжи да работи повеќе.

Во мојот случај, Луис е малку повеќе природно талентиран возач. Тој е најталентиран возач во историјата покрај Аиртон Сена и единствениот начин да го победите е преку огромна напорна работа.

Со Валтери е исто. Може да забележите дека работи многу напорно и е многу посветен. Тоа е неговата силна страна.

Минатата година беа потешки времиња за него, но тој направи големи чекори годинава. Се работи за мали детали. Дури и јавното внимание кон неговата брада беше важно!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ