Роси почестен што има свои фанови во Ф1

МотоГП легендата, Валентино Роси, изјави дека е почестен што има многу силни Формула 1 возачи за свои фанови како Ландо Норис од Мекларен и Александер албон од Ред Бул.

Двајцата возачи открија дека во детството нивни идол бил Докторот, а Ландо целосно ја смени својата кацига и своите за последната трка на Монца во препознатливите бои на Вале. Италијанецот најави дека е нетрпелив да замени кацига со Ландо и дека силната сезона на младиот британец го натерала да стане негов обожавател.

среќен сум, почестен и горд што норис носеше дизајни во моја чест. на почетокот на сезоната ландо и албон изјавија дека пораснале гледајќи мотогп трки и гледајќи ме мене, тоа се мои фанови и тоа е прекрасно.

ми се допаѓа тоа чувство особено поради тоа што се работи за многу силни возачи. ландо направи фантастична работа во италија, ми беше задоволство и нетрпелив сум да разменам кацига со него – најави норис.

Норис и Роси за прв пат се сретнале на МотоГП трката во Британија минатиот месец.

тој е фантастично момче, многу е млад, има само 19 години, но веќе е паметен и изгледа многу искусно. јас сум негов фан – изјави валентино.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ