Роуланд се изморил од политиката во Ф1

Британецот Оливер Роуланд изјави дека е изморен да го “брка“ својот Формула 1 сон поради огромната политика која владее во спортот.

Тој е поранешен тест и резервен возач на Рено и Вилијамс, но сеуште не успеа да си обезбеди место во Формула 1. Заминувањето на Алекс Албон во Торо Росо му даде шанса тој да ја започне кариерата во Формула Е со Нисан е.Дамс. Оваа шанса дојде во вистинско време кога тој сака да се прослави.

Поминав долго време бркајќи го Формула 1 сонот и бев блиску. Тогаш видов што е всушност Формула 1.

Тоа е екстремно политичка организација каде нема место за талентите. Таму различни фактори влијаат на многу работи.

Дојдов во Формула Е и тука ми е полесно. Среќен сум со изборот. Формула 1 не ми е на радарот. Мислам дека иднината е во Формула Е. Јас сакам да направам име за мене и во Формула Е тоа може да го сторам.

Роуланд во моментов е на 9то место во Формула Е електричната тркачка серија со три пол позиции и два подиума.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ