Сабине Кем: Мик Шумахер може да биде Ф1 првак

Сабине Кем, долгогодишната менаџерка на Михаел Шумхаер и пријател на семејството, изјави дека верува оти Мик Шумахер може да ги следи стапките на татко си и да стане Формула 1 првак. Таа во моментов ја менаџира и кариерата на 20-годишниот Мик.

сигурна сум дека мик ќе заврши во формула 1 порано или подоцна иако јас се наедвам што поскоро – изјави кем за Die Welt.

Мик веќе ја одработува својата прва Формула 2 тркачка сезона, а е и член на Академијата за млади возачит на Ферари, така што насоката кон врвот не моторспортот е исправна.

убедена сум дека ќе се покаже одлично во формула 1 затоа што секаде каде што вози е одличен. само заклучувам дека тој ќе добие можност д аго оствари својот сон и да стане шампион.

Во моментов во својата прва Формула 2 сезона Мик се наоѓа на 12то место во поредокот.

тој во моментов е 12ти, но имаше доста несреќна сезона. се сочувствувам со него затоа што се бори со многу лоша среќа, но во исто време и многу учи и е добар во анализирање на работите, учење на лекциите и прилагодување. навистина верувам дека има потенцијал да стане првак, кон тоа цели и работи – завшри кем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ