Саинз бара квалитет од Рено

Карлос Саинз ги поддржа Рено и нивниот напор да ја подобрат издржливоста и квалитетотла 1.

Французите даваат свои мотори во својата фабричка екипа, но и во Вокинг кај Мекларен. Сезонава се напреднати во однос на моќта на моторот, но издражливоста е таа која трпи.

Саинз се откажа поради проблеми со кинетичкиот дел од моторот во Мелбурн, додека двајцата возачи на фабричката екипа се откажаа на само 4 кругови пред крајот на Бахреинското Гранд При додека се возеа во поени.

тоа е лош симптом, но мораме да им чеситаме на рено за перформансите. имаме 3-4 дополнителни десетинки споредено со лани, а тоа е добредојдено.

но, ако не ја завршите трката, перфроамансите се небитни и се надеваме дека ја ги решиме проблемите со издржливоста многу скоро за да можеме да ја користиме дополнителната моќ од агрегатот – изјави карлос за шпански аѕ.

Проценките на шпанецот се дека сезонава се побрзи околу 10 километри на час на правците, споредено со лани.

бев уморен да се тркам со болид кој беше 10-12 километри на час побавен на правците и секогаш се бранев за да не бидам минат. иако моќта не чинеше мали проблеми со издражливоста, преферирам моќ и брзина што личи на врвен производител како рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ