Саинз: Без ДРС нема да има престигнување

Карлос Саинз изјави дека во Формула 1 оваа година немало да има ниту едно престигнување да не бил ДРС системот за намалување на драг силата и се надева дека со новите правила тоа ќе се смени.

Официјални лица од Формула 1 разговараат за новите правила со тимовите за да се подобри спектаклот и да се дозволат повеќе престасувања. Оваа година имаше неколку промени на правилата за да се дозволи болидите да се следат, но Саинз тврди дека промената е минимална и сеуште главниот збор го има ДРС.

Можам да кажам дека трките без ДРС немаа да имаат престигнувања. Мислам дека ДРС ни треба во моментов, Не можеме без него, Но се надевам во иднина нема да зависиме од него.

Тој е на 7та позиција во возачкиот поредок, а неговиот тим Мекларен е на четврта позиција кај конструкторите. Тимот нема победа од 2012 година, а нема подиум од 2014 година. Сепак, со новите правила очекува да се случи пресвртница. Саинз е скептичен дека целосна промена на Ф1 со нови правила ќе биде добра за Мекларен.

Сакам промена, но мислам дека Формула 1 ќе бдие иста. Ми се допаѓаат досегашните предлози.

Би сакал наредната година малку порано да почне промената и тоа ќе биде подобро за Ф1, Но ќе видиме.

Во моментов ФОМ и Ф1 се сигурни дека ќе се подобри спортот и треба да им веруваме. Тие се надевам си ја завршиле домашната задача, Но не знам колку ќе биде подобро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ