Саинз и тимските шефови на голф пред трката во Америка

Возачот на Мекларен, Карлос Саинз, ќе се натпреварува против неколку тимски шефови на добротворен голф турнир кој треба да се одржи пред стартот на викендот од Американското Гранд При.

Турнирот ќе се одржи во Четврток непосредно пред тркачкиот викенд на Патеката на Америките на Canyons Golf Course, 30-тина километри од автодромот.

Освен Саинз, своето учество го потврди и шефот на Мекларен, Зек Браун, првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер, како и главниот на Рејсинг Поинт, Отмар Шафнауер. Исто така, ќе се натпреварува и спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, шампионот од 1996 година и стручен коментатор на Sky, Дејмон Хил како и Индијанаполис 500 победникот, Дани Саливен.

Турнирот кој ќе се вика “Grid to Green” ќе биде организиран од GOLF Magazine како поддршка на Susan G. Komen непрофитната организација за борба против рак.

Следните недели се очекува свое учество да потврдат и други славни личности од моторспортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ