Саинз казнет 3 места за попречување на Албон

Возачот на Мекларен, Карлос Саинз, доби казна од 3 грид места за стартот на трката во Канада поради попречување на Александер Албон во К1.

Албон го пропушти Саинз кој беше на летечки круг во последната шикана за потоа да го започне својот летечки круг, но беше попречен од Саинз кој забави во свиоците 1 и 2, ладејќи го својот болид.

И покрај инцидентот, двајцата возачи се пласираа во следната сесија. Стјуардите го истражија случајот по квалификациите и одлучија да му доделат казна на Саинз од 3 места.

Саинз сега ќе стартува од 12то место на гридот, зависно од тоа дали некој друг ќе добие казна. Тој исто така се очекува да стартува од едно место понапред поради Кевин Магнусен кој по големиот судар од екипата потврдија дека ќе стартува од боксот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ