Саинз на Индијанаполис крај Алонсо ?

Според шпанските медиуми, Карлос Саинз ќе биде партнер на Фернандо Алонсо на Индијанаполис 500 со тимот на Мекларен.

Двократниот првак за прв пат се појави на една од трите најлегендарни трки во светот во 2017 година, а Карлос би го имал своето деби. Шпекулациите велат дека Саинз ќе го тестира Инди болидот во текот на зимата за да се избегне целосно ново искуство за време на трката.

Медиумите пишуваат дека новиот возач на Мекларен веќе некое време бара од тимот да му се овозможи Инди 500 трка, но проблем е тоа што Големата награда на Монако се случува во исто време со трката во Америка, што значи дека некој ќе треба да го менува Карлос низ улиците на Монте Карло.

Се очекува официјална изјава од тимот по Нова година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ