Саинз нема да го брка Гасли

И покрај тоа што ја намали разликата на само 5 поени во однос на Пјер Гасли од Ред Бул, Карлос Саинз верува дека секој сон да се искачи повисоко во пласманот е краткорочен.

Возачот на Мекларен имаше импресивна форма пред летната пауза, освои поени во 8 од последните девет трки, вклучувајќи и петто место на Германското и Унгарското Гранд При.

Надополнето со проблемите на Гасли, Саинз сега заостанува само 5 поени позади французинот. Иако Карлос го поздравува напредокот на Мекларен во првата половина од сезоната, тој не смета дека ќе успее да го помине Гасли во пласманот до крајот на сезоната.

Не сметам дека тоа ќе трае долго, за жал, но покажува колку сме добри во моментов и колку сме постојани. Не знам колку поени освоив, но беше неверојатно.

Во првите три трки немав среќа, но од Баку напорната работа преку зимскиот период и во фабриката, почна да се исплаќа. Секој викенд имаме добра стратегија, одлични влегувања во бокс, добри сме во трка и така треба да продолжиме.

Саинз смета дека Мекларен ќе останат во средината до крајот на сезоната и сака неговиот тим да продолжи со постојаните подобрувања за поголем предизвик во 2020 година.

Не верувам дека ќе може да се оддалечиме од средината во втората половина. Можеби ќе имаме неколку десетинки што ќе биде одлично, но сите ќе се подобрат и мора да бидеме внимателни.

Мора да се осигураме дека ги правиме вистинските чекори и да научиме од тоа. Тоа е главна цел во втората половина од сезоната, да научиме повеќе од болидот и се да биде на вистинско место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ