Саинз очекува тежок викенд по проблеми во Т1

Шпанецот Карлос Саинз очекува проблемите со моторот во првата четврточна сесија да му го отежни викендот во Монако.

Возачот на Мекларен загуби драгоцено време на првата тренинг сесија поради проблем со агрегатната единица, поради што мораше да се промени уредот за собирање на енергија, по што тој заврши со само 3 извозени инсталациски кругови.

И покрај тоа што се обиде да надомести во Т2 каде мина 47 кругови, шпанецот е свесен дека самодовербата низ тесната патека ќе го чини многу во квалификациите и во трката.

Монако е последно место каде сакате да отсуствувате од Т1, додека другите возат на патеката.

Заостанувам 30 или 40 кругови, но механичарите завршија брилијантна работа за да се вратиме на патеката, но тие 30 или 40 кругови ќе ме чинат многу во викендот. Се надевам дека ќе надоместам малку по малку.

Од една страна изгледа тешко бидејќи не бевме во топ 10, а и Ландо не беше во топ 10 во Т1 или Т2. Но во исто време, ако е тесно, а изгледа прилично тесно, би можеле да бидеме во топ 10.

Штом се здобијам со самодоверба и ја зголемам километражата, можеби ќе се подобри и формата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ