Саинз: Подобро е во периодов со помалку казни

Карлос Саинз вели дека е среќен што стјуардите се поразбирливи за возачите при доделувањето на казни. Поранешниот Ф1 супремо, Берни Еклстон, смета дека казната на Фетел во Монтреал годинава довела до моменталната ситуација.

Беше тотално погрешна и непотребна и ја уништи вербата на Себастијан во спортот. Тоа што го направи не беше опасно, секој би го направил тоа. Луис беше попаметен, направи да изгледа поопасно – смета еклстон.

Делумно како реакција на сето тоа, стјуардите се поразбирливи, а дури го воведоа и црно-белото знаме кое значи предупредување за возачот налик на жолт картон во фудбал.

Мислам дека е коректно. Дури и да се случи на вас како возач, пак ќе се жалите. Тоа што Леклер го направи во Монца, сите возачи знаат дека беше на границата. Дури и самиот кажа дека бил на граница.

Но ако го имаме црно-белото знаме, мислам дека сите ќе го користиме во наша полза.

Сега имаме повеќе слобода и за мене тоа е правилниот чекор – вели Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ