Саинз: Поради доцниот развој, имаме многу за напредок

Карлос Саинз смета дека Мекларен почнале со развојот на овогодинешниот болид доста доцна и поради тоа имаат голем простор за напредок во текот на оваа сезона.

Шпанецот откри дека по разочарувачката сезона за Мекларен тие првично биле фокусирани на откривање на причината за лошиот лански пакет и отстранување на проблемите со истиот. Доцниот почеток со развој на МЦЛ34 болидот им дозволува на ривалите да бидат посилни на почетокот на годината, но екипата од вокинг ќе има голем простор за сезонски развој.

ако споредиме каде сме сега на квалификациите и каде бевме во абу даби на квалификациите, очигледно е дека направивме голем напредок. не почнавме многу рано со развојот на сегашниот болид затоа што се обидувавме да ги разбереме слабостите на пакетот во вториот дел од минатата година. мислам дека екипата на прави чекори во вистинска насока, а болидот има уште многу простор за развој – објасни карлос.

Напредокот во многу ќе зависи и од новиот технички шеф, Џејмс Кеј, кој почна да работи за екипата од Бахреин. Карлос има претходно искуство во работата со него од неговите денови во Торо Росо и е свесен дека британецот може многу да му помогне на тимот.

мислам дека ќе добие одредена доза на независност. сметам дека џејмс е неверојатен, иам многу талент и секогаш успева да направи одлични болиди. знам дека мекларен е вистинско место за него затоа што ќе добие независност и ќе има слобода да го искористи својот талент што се надевам дека еден ден ќе ни се исплати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ