Саинз сака да ги заборави претходните две трки

Карлос Саинз е оптимист дека неговиот Мекларен може да се “врати во игра“ по очајните две трки по крајот на летната пауза. Шпанецот не ги заврши настаните на Спа и Монца поради проблеми надвор од негова контрола, во Спа откажа моторот, а во Италија кикснаа менувачите на гуми.

Карлос е разочаран од резултатите на минатите две трки, но гледа причина да биде позитивно разположен во пресрет на тркачкиот викенд.

последните две европски трки во сезоната не беа согласно нашиот план и поради тоа сакам да надоместам на трките до крајот од годината. спа и монца беа несреќни, но нема причина да не останеме позитивно расположени. како и секогша работиме со главата надоле и ја чекаме нашата шанса – најави саинз.

Пред две години возејќи за Торо Росо во Сингапур тој стигна до својот најдобар резултат во кариерата откако финишираше на 4то место и смета дека патеката им дава можност на тимовите од средината да нападнат.

сингапур е посебна патека и вообичаено дава можност на послабите, а така беше и во 2017 година кога ја завршив на 4то место. предизвикот е уникатен на сред неверојатен град.

тркање по европско време е интересна одлука на овој викенд затоа што температурите се високи, а влажност огромна во текот на денот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ