Саинз смета дека брзината на Нико треба да му гарантира место во Ф1

Карлос Саинз верува дека Нико Хулкенберг ќе остане во Формула 1 доколку решавачки биле талентот и брзината, откако договорот на германецот не беше продолжен со Рено, а и Хаас одлучија да не прават промени кај возачит еза 2020 година. Саинз имаше сезона во Рено крај Нико Хулкенберг и добро го познава возачот.

мислам дека сите знаат што нико носи на гридот и не треба многу да се објаснува. но, како што знаеме, во формула 1 не е секогаш до талентот и способностите на патеката, има и други работи кои се земаат во предвид надвор од брзината и перформансите. ако беше само до талентот и брзината тој сигурно ќе биде на гридот кога и да посака – смета карлос.

Опциите на Хулкенберг се се повеќе ограничени, така што место има само во Вилијамс откако Кубица објави дека си оди од Формула 1 следната година и евентуално во Алфа Ромео доколку швајцарците не се решат да продолжат со Џовинаци, но да не заборавиме дека место во екипата има загарантирано Ферари.

лично никогаш не сум почувствувал дека кариерата во формула 1 ми е под ризик. секоја година до сега сум имал несигурна иднина, но сум бил сигурен дека ќе најдам место затоа што сум водел преговори со екипите.

не е баш пријатно затоа што за спортист најубаво е секој пат да биде целосно посветен на тоа што го раоти, а не под притисок дека повеќе може да не биде дел од спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ