Саинз смета дека пропуштил лесно 7мо место

Карлос Саинз од Мекларен верува дека на Нико Хулкенберг му е криво поради инцидентот со него од првиот круг што го принуди да влезе во бокс по поравки.

Двајцата си ги задржаа своите стартни места по првите неколку кривини со Александер Албон пред себе, но Карлос сакаше од надвор да го мине возачот на Ред Бул и се суди со Хулк кој беше во внатрешниот дел на кривината. Сударот го остави Саинз со дупната гума и оштетен под.

На крајот Нико стигна до 9то место и донесе два поени за себе и екипата, а одличен беше и Саинз кој најголем дел од трката беше последен, но по двете безбедносни возила успеа да стигне до 12та позиција.

мислев да го претекнам албон, а не ни гледав нити внимавав на нико.

навистина имав добар старт, албон го бранеше внатрешниот дел, а јас пробав да минам од надворешниот и да го затворам, што значеше дека морам да кочам, нешто што нико го виде како можност.

тој беше оптимист, преамбииозен во тој свој потег што искрено по трката ми пријде и ми рече дека му е жал за контактот. штета затоа што тимот можепе до 7мо и 8мо место денеска, но штоа е тука е – објасни карлос.

Шпанецот е свесен дека контактот му го уништил 7то место кое по него му било загарантирано, а на крајот го освоил неговиот колега Ландо Норис.

искрено со ритамот кој го имавме викендов и со мојот денешен ритам со оштетен болид лесно ќе бев 7ми на крајот. беше лесна позиција која требапе рутински да ја одработиме и поради тоа су мразочаран од инцидентот кој не дојде нити по некаква борба за позиција.

нико е одличен возач и одличен човек и не ми е тој виновен, знаеме што е направено и одиме понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ