Саинз: Со новите правила Мекларен ќе ги поразат врвните тимови

Само големата промена во правилата за 2021 година ќе овозможи тим како Мекларен да ја предизвика врвната тројка, смета Карлос Саинз.

По тежок период последните години, еднаш одличниот британски тим сега е поконкурентен од тесната средина во Формула 1. Но Саинз смета дека напредокот ќе престане тука.

Не верувам дека ќе се одвоиме од средината годинава. Да го постигнеме тоа, ќе треба да скокнеме половина секунда напред. А за тоа, потребен е нов болид, нов концепт.

Гледаме колку е тешко за Рено да го стигнат врвот од средината повеќе години.

Саинз смета дека единствена шанса за Мекларен е да чека до 2021 година, иако одлуката за конечните правила се покажа како многу тешка. На пример, додека тимови како Мекларен и Рено сакаат поголеми промени, Мерцедес вели дека правилата не треба да се променат многу во 2021 година.

За нас, едно нешто е јасно. Мора да постои еволуција, не револуција. Ф1 треба да се подобри, но тоа што го имаме моментално не е толку лошо. Со стабилност во правилата, други тимови како Мекларен ќе не стигнат – вели Тото Волф.

Саинз, сепак не се надева толку.

Ако направиме се како што треба, може да се доближиме до шест или седум десетинки од Мерцедес. Останатото ќе зависи од новите правила. Големите тимови едноставно трошат премногу финансии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ