Саинз: Средината е фрустрирана што битките не одат во живо

Фрустрираниот Карлос Саинз ја критикува насоката во преносот на Формула 1 поради недостаток на тимовите од средината при нивните дуели и смета дека возачите ќе превземат нешто околу тоа.

Саинз беше дел од дуел помеѓу четири болиди за 11то место во последниот круг од трката минатиот викенд во Сингапур, дуел кој не беше пренесен во живо на ТВ каналите, на кои беше прикажана одбраната на Макс Верстапен над Луис Хамилтон за трето место.

Пред Руското Гранд При, возачот на Мекларен го сподели следното:

Фрустриран сум и мојот тим треба да биде фрустриран околу тоа. За спонзорите, ако не ве прикажуваат во живо, тоа не е добро.

Многу возачи од средината се жалат за тоа, Не само јас. Разговарав со неколку од нив, очигледно гледаме помалку битки кои недостасуваат.

Тоа е нешто што критикувам и сметам дека секој возач од средината го критикувал бидејќи сметаме дека фановите пропуштаат одлични битки, какви што нема на челото.

Саинз вели дека Асоцијацијата на Гранд При возачи треба да превземе нешто, но прифаќа дека има поголеми проблеми кон кои треба да се фокусираат.

Очигледно асоцијацијата се соочува со поголеми проблеми во моментов, околу правилата за 2021 година, такви работи, но овој проблем беше дискутиран. Најверојатно ќе превземеме чекори во иднина.

Но тие навистина се зафатени во последните неколку месеци. Разговараат околу правилата за 2021, да не беше тоа, ќе дискутираа за овој проблем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ