Саинз: Ферари зад мене и борба со Ред Бул се како победа

Карлос Саинз е многу горд со тоа што успеал да го задржи зад себе Шарл Леклер од Ферари, а во исто време да има борба за позција со Александер Албон од силниот Ред Бул.

Шпанецот имаше уште една фантастична трка оваа сезона со 5то место во Сузука, а на крајот не дозволи Ферарито на Леклер да се доближи доволно до него и да го нападне. Исто така во текот на трката возеше со исти ритам со Албон, но тајлаѓанецот искористи од подобрата стратегија по што стигна до подобар пласман.

веројатно оваа трка е посебна за мене поради силниот ритам кој го имавме. бешше неверојатно да се почувствува колку добро работи болидот во првиот сектор и кога и да се бараше од мене да забрзам, без проблем возев кругови 1.33.5.

лекер не можеше да се носи со мене и одеднаш успеав да задржам ферари зад себе и да возам на исто ниво со албон. ова е прв пат годинава тоа да се случи.

многу су задоволен и горд. само ја продолжив првата серија и покрај добриот почеток и одличните квалификации

кога имате ферари на 10 секунди зад вас, вообичаено е да се неколку секунди по круг побрзи од вас и да мислите дека нема да успеете да си ја зачувате позицијата. но, јас ги штедев гумите и кога требаше да притискам забзам половина секунда по круг. иако тој беше половина секунда побрз во првите 3-4 кругови, почнаа да му деградираат гумите и јас почнав да воам кругови како него. тоа беше супер – објасни саинз.

Одличниот старт на Карлос го донесе во борба за позиција со Луис Хамилтон во текот на првиот дел од кругот, а борба со топ 3 тимовите многу често му се случува на шпанецот во последно време.

бев до луис, а во исто време последните 10 кругови се носев со албон и имав ферари зад себе. не може да се каже дека сме најдобри од останатите затоа што менаџираме доволно добро да профитираме ако нешто се случи пред нас, нешто што воопшто не е лесно.

не е лесно да се биде најдобар од останатите на квалификации и на трка, нешто што го правам доста во последно време, верувајте, тешко е и се брам секој викенд.

Запрашан дали резултатот од Сузука го чувствува како победа, тој јасно одговори.

да. проади тоа кога некој ќе ми каже дека пвоторно сум најдобар од останатите, тоа звучи разочарувачки за мене затоа што тоа ми се случува секој викенд по трите незавршени трки. последните 2-3 тркачки викенди беа навистина силни и искрено сум горд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ