Саинз: Шесто место и не е толку лошо

Возачот на Мекларен, Карлос Саинз, призна дека бенефитирал од безбедносното возило, откако стартуваше од 13то место на гридот.

Саинз беше еден од тие возачи кои не беа во бокс пред безбедносното возило во 20от круг, но ја искористи можноста кога истото се појави при излетувањето на Џиовинаци.

Со хард пневматиците, Саинз ја продолжи трката на седмо место и доби една позиција откако Фетел имаше инцидент со Верстапен. На крајот Саинз официјално се пласираше на 6то место. Ландо Норис, неговиот тимски колега, кој стартуваше пред шпанецот, немаше таква среќа откако влезе во бокс пред безбедносното возило.

Не е лошо, стартувајќи од 13то место. Имав многу добар старт. Ги менаџирав пневматици позади тие на софт, знаејќи дека подоцна во трката ќе ја покажам мојата форма.

Кога тие влегова, почнав да возам брзи кругови што го зголеми прозорот. Бевме на стратегија со 1 влегување, сите други на две. Потоа со хард кои не се деградираа.

Даниел беше многу брз со хард пневматици, а јас се мачев да се одбранам. Тој беше многу брз на правците, не знам зошто. Но на крајот успеавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ