Себ го објасни враќањето на подиумот

Себастијан Фетел првично одби да се појави на подиумот во Монтреал, но потоа се премисли поради почит кон останатите двајца возачи од пиедесталот, Луис Хамилтон и Шарл Леклер.

Бесниот Фетел дури и го паркираше својот болид подалеку од вообичаеното место за топ 3 пласираните возачи и веднаш се упати кон просториите на Ферари откако 5те секунди значеа губење на победата за него. Се упати кон подиумот, но претходно ги смени броевите пред болидите, го стави “кецот“ на неговото место, а ја премести “двојката“ пред Мерцедесот на Хамилтон.

го паркирав болидот во парк ферме, но не кај оној наменет за тројцата најбрзи, а потоа отидов на задолжителното мерење. тогаш не сакав да бидам дел од ништо што официјално се случува на патеката, бев гневен, лут и разочаран, а сите знаат зошто.

но, се работи за почит да се појавите на подиум со луис и шарл, како и претставникот на мерцедес и да бидете дел од церемонијата. секако дека тоа не беше делот каде сакав да бидам. исто така седење на прес конференцијата не е тоа што го сакав, но морам да сум и таму – објасни фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ