Себ, Луис и Макс: Како се рангираат себеси по првата половина?

За едниот, првата половина е лоша со можност за подобрување, за другиот не целосно добра, додека за третиот рангирањето нема смисла.

На прес конференција во текот на викендот на Унгарското Гранд При, Себастијан Фетел, Макс Верстапен и Луис Хамилтон имаа можност да се рангираат самите себеси од 1 до 10 и да објаснат зошто си ја даваат таа оценка.

Прв со сопствена анализата беше Себастијан Фетел.

5. Да, не сум среќен со првата половина. Се мачев да го научам болидот. Пробавме различни работи, сакавме да го извадиме максимумот, но мислам дека можеме да се подобриме многу во втората половина. 5 е исто така и мојата бројка, така што, тоа е моето мислење.

Луис Хамилтон изненадувачки не смета дека неговите перформанси заслужуваат 10ка.

Би рекол, 8.9 или 8.8. Да не беше Германија, ќе мислев повеќе. Секогаш е добро да се рангирате пониско и да има маргина за подобрување и за повеќе работа. Секогаш сакате да имате простор за подобрување.

Дефинитивно имаме една од најуспешните сезони како тим. Ова е можеби моја најдобра сезона која сум ја имал лично. Но секогаш има области каде може да се подобрите и да пробаме да стигнеме до повисок ранг во вториот дел. Тоа е добро во овој спорт, без разлика колку долго се тркате, секогаш има простор за подобрување.

Верстапен имаше прилично филозофско размислување.

Јас не се рангирам со бројки. Не, мразам бројки бидејќи ме потсетуваат на училиште, што не беше многу одамна. Мислам дека секогаш сум самокритичен и може да биде подобро, никогаш нема да бидам задоволен.

Мислам дека беше позитивно, имав добри резултати, но сеуште имам простор за подобрување.

Неможам самиот себеси да се рангирам. Чудно ми е да кажам 8 или 9.

Хамилтон и Фетел го притиснаа Верстапен да каже бројка, велејќи му дека нема причина зошто да не се рангира со оглед на тоа дека имал добри перформанси досега и завршил добра работа, но холанѓанецот не го смени својот став.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ